Скибицки: Украина е подготвена за контраофанзива напролет
Вооружените сили на Украина ќе бидат подготвени напролет да почнат контраофанзива против руската армија, која окупираше големи делови од државата, изјави денеска заменик-шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Вадим Скибицки. Точното време зависи од неколку фактори, вклучително и пратките на западно оружје, кое игра многу важна улога во одбраната на Украина од руските напаѓачи, изјави Скибицки за германската медиумска компанија Funke Mediengruppe.
Повеќе од една година откако Русија ја започна својата инвазија на соседна Украина, Скибицки повтори дека целта на Киев е да ја ослободи целата украинска територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.
„Ќе запреме само кога ќе ја вратиме нашата земја на (меѓународно признатите) граници од 1991 година. Тоа е нашата порака до Русија и меѓународната заедница“, рече тој.
Скибицки опиша дека Киев има намера да ги постигне своите „стратешки воени цели“ со пробивање на линијата на фронтот на југ, меѓу Крим и Русија.
„Можно е да уништиме и магацини со оружје или воена опрема на руска територија, на пример околу градот Белгород, од каде се започнуваат нападите врз Украина. Ова претставува закана за (украинскиот град) Харков, на пример".
Русија ја почна својата инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година. Според официјалните проценки, досега се убиени најмалку 8.000 цивили, а повеќе од 13.000 се повредени.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно