Спорт плус
13. February 2016 - 9:24

Ски скокови: Крањец изненади во Викерзунд

Словенецот Роберт Крањец, победи на првиот натпревар во скијачки летовови во Светскиот куп, кој се одржа во норвешкиот Викерсунд, Норвешка.
 
Крањец, до првата победа по пауза од речиси три години, дојде со летовите од 236 и 239,5 метри, кои му донесоа 432,8 бодови.
 
Покрај Крањец место на победничкиот пиедестал обезбедија домашниот натпреварувач Кенет Гангес (234,5 и 235 метри) и Јапонецот Нориаки Касаи (231,5 и 230 метар).
 
Зад најдобрите тројца се пласира лидерот во генералниот пласман Петер Превц, кој забележа четови од 226,5 и 220,5 метри.
 
Превц е водечки во генералниот пласман со 1.374 бодови, а го следат Зеверин Фројнд со 907 и Кенет Гангес со 850 бодови.