Скат: Договор за Косово се уште е можен
- Договор за Косово се уште е можен, оцени американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скат и истакна дека за негова имплементација би била важна поддршката од САД, Германија и Русија.
- Мислам дека се уште е можен договор за Косово и се надевам дека лидерите во регионот ќе продолжат понатаму, бидејќи имаме можност да изградиме регион заснован на мир, стабилност и просперитет, рече Скат.
Тој додаде дека Белград и Приштина треба да дојдат до договор за Косово и дека само таков договор ќе биде траен. Скат прецизира дека поддршка од САД, Русија и од Германија би била важна за имплементација за таков договор.
Американскиот амбасадор додаде дека Русија и понатаму е дестабилизирачки фактор на Балканот и оти постои несогласување на САД и Русија за многу прашања, но двете држави се подготвени за соработка кога интересите им се совпаѓаат.
- Кога станува збор за стабилноста во овој регион мислам дека нашите интереси се совпаѓаат, нагласи Скат. с
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
