Скапо ќе ги чини: Пожарникари си играле со водени топови и за малку ќе го ослепеле градоначалникот

Непримерна шега на млади пожарникари-доброволци во Полска, кои решиле градоначалникот на местото Продавница во западниот дел на земјата да го испрскаат со воден топ, се претвори во трагедија, затоа што контактните леки што тој ги носел му нанеле повреди на очите и лекарите сега се борат да му го спасат видот на едното око.
Градоначалникот Марек Цебула по службена должност учествувал во прославата на локалнитете пожарникари во Продавница и во атмосфера на општа веселба неочекувано му се доближиле двајца млади пожарникари и го фатиле за рацете, додека трет го испрскал со млаз од водениот топ на противпожарната цистерна право во лицето.

- Лицето на градоначалникот се преплави со крв. Водата му ги извади контактните леки од очите, изјави еден од очевидците на глупавата шега за полската телевизја ТВН24.
Градоначалникот веднаш е префрлен во болница каде лекарите веднаш му пружиле медицинска помош. На едното око морале да му го шијат капакот, а во меѓувреме продолжуваат и напорите за спас на видот на второто око.
„Шегаџиите“ ги очекува казна, иако ти тврдат дека тоа не било нивна идеја, туку на нивни постар колега.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
