Свет
6. October 2016 - 21:48

Скандалозна тепачка во Европскиот парламент: Се истепаа пратеници, еден колабираше

Стивен Вулфи, европски парламентарен застапник на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП) заврши во болница во Стразбур по судирот во текот на состанокот на европските застапници на таа партија.

Во кусата изјава за јавноста в.д. претседателот на партијата Најџел Фараж рече: „Длабоко жалам што по судирот кој утрово се случи на состанокот, еврозастапникот на УКИП Стивен вулфи колабираше и мораше итно да биде однесен во болница. Неговата состојба е сериозна. Чекам детални медицински наоди по што подетално ќе ве известам“.

Според извори од партијата, Вулфи имал „епилептичен напад“ и потоа се онесвестил по физичката пресметка со колегата Мајк Хокем. Вулфи и Хокем наводно се скарале поради шпекулацијата дека Вуфи би можел да пребегне во Конзервативната партија.

Stiven Vulfi, Foto Reuters

Меѓутоа нешто подоцна Вулфи даде изјава од болница во која порача дека е добро и дека ќе остане ноќеска таму поради дополнителни анализи, јави Гардијан.

УКИП имаше значајна улога во кампањата по повод референдумот за Брегзит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Брегзитот на референдумот беше изгласан со 52 отсто гласови за.

Недолго по својата најголема политичка победа, Фараж победна од политиката со поднесување на оставка на местото претседател на партијата. Меѓутоа Фараж мораше да се врати на таа позиција кога неговата наследничка Дајен Џејмс поднесе оставка, по само 18 дена на чело на партијата.