Балкан
15. October 2020 - 12:04

Скандал во школо: Сопругот на учителката претепал ученик со попреченост среде час во Србија

Наставничката се пожалила на сопругот дека ученик со попреченост во развој ја навредува, па тој се справил со детето пренесува kurir.rs.

Сопругот на учителката која е запослена во Основно училиште во едно село на југот од Србија осомничен е дека влегол на час и тепал дете со попреченост во развојот! Инцидентот се случил уште минатиот четврток, но наводно пробале да го сокријат случајот. 

- Учителката се жалела на мажот дека детето често ја пцуело и навредувало. За жал нејзиниот сопруг решил да дојде во школото и да се пресмета со детето, кажува извор и продолжува, како фурија влета и почна да го тепа детето, кое цело време плачеше и го молеше да престане, да не го тепа. Наводно, учителката цело време била присутна во училницата, стоела на страна без никаква реакција. Не се вмешала, ниту пробала да го вразуми сопругот. После лудиот напад таа продолжила да држи часови, а откако завршила наставата, почнала да плаче, кажува извор запознаен со настанот. Родителите на детето кое било претепано ја известиле полицијата, а извештајот ќе биде предаден во обвинителството. 

- Полицијата утврдила дека мажот го влечел детето за коса, додава изворот. Курир вчера пробал да стапи во контакт со директорката на школото, меѓутоа вработените кои се јавувале на телефонот викале дека таа не е тука, или дека е на час.