Македонија
23. August 2024 - 16:39

Скандал пред ССМ

Скандал пред Работничкиот дом. Поранешниот претседател Митревски свика прес конференција за да ги каже аргументие дека во 2017-та бил сменет на нелегален начин. Но, пред синдикалниот дом му се придружи и актуелниот лидер Трендафилов.

Митревски тврди дека бил сменет само со еден потпис од тогашна министерка за труд Ременска, а за смена требало два. По жалбите до Европската Унија, тогашната министерка Тренчевска  изборот го прогалсува за неважечки, но место Митревски за претседател го впишува Трендафилов. Сега Митревски бара да се врати на функцијата, каде вели дека ќе се залага за поголеми права на работниците и повисок минималец, без да прецизира колкова плата е прифатлива за најниска во државата

Митревски ,Минималната плата се утврдува врз основа на коефициенти и закон за минимална плата. Ние ќе ја бараме онаа плата која ќе ја утврдиме . Нашата основна  задача е да бара зголемување на плати, но не на ваков начин како што се бара, насилнички. Планот ќе го видите, Имаме план со 20 точки кои ќе значат подобрување на интересите на работниците. Ќе бидат запознаени на посебна прес конференција, изјави Живко Митревски, поранешен претседател на ССМ.

Поминаа над 6 години од смената  на Митревски, возврати Трендафилов. Она што не го слушанал  од екс претседателот е да каже дека сите постапки се прависилно завршени, во корист на актуелното раководство

Мене ми е многу жал што не слушнавме што ќе направи Митровски за работниците. За какви права ќе се залага. Ние остануваме на ставбт дека мора да се зголемат платите. Јас уште очекувам средба со премиерот. Ние нема да потклекнеме под ниту еден притисок, изјавои Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Инаку барањето на ССМ е згоелмување на миналецот на 450 евра, или за 5,000 денари повеќе од моменталната, со образолжение дека трошоците за живот од месец во месец се се повисоки , а  работниците се посиромашни.