Кошарка
2. May 2016 - 9:47

Скајлајнерс со трофејот во ФИБА Европа куп

Кошаркарите на Фрапорт Скајлајнерс од Германија го освоија пехарот во ФИБА Европа купот откако синоќа во финалето го совладаа тимот на Варезе од Италија со 66:62 (15:16; 10:15; 13:16 и 28:15). Ова за германскиот тим прв трофеј во европско натпреварување.
Признанието МВП (најкорисен) играч го освои членот на Фрапорт Скајлајнерс Куантез Робертсон, кој во финалето постигна 15 поени, а имаше и 5 скокови, 4 асистенции и 2 украдени топки.
Во дуелот за 3.место француски Шалон убедливо со 103:72 славеше над рускиот тим Енисеј.