Скај: ИД во Ирак обучува деца за бомбаши-самоубијци
Едно дете бомбаш-самоубиец, кому џихадистите на Исламска држава (ИД) му наредиле да изврши терористички напад врз еден стадион во Ирак, изјавил за британската телевизија Скај дека бил одземен од родителите, а потоа обучуван за да стане терорист заедно со повеќе десетици други деца.
Малиот Махмуд Ахмед (15) бил уапсен во август годинава во близина на стадионот, што требало да биде нападнат, во истиот ден кога џихадистите извршиле два успешни напада во градот Киркук.
Според Скај, тој бил преплашен и во голем шок додека специјалните безбедносни сили го демонтирале елекот полн со експлозив, поставен на неговото тело.
Ахмед е во затвор и веројатно таму ќе остане подолго време, поради обид да изврши терористички напад.
Во разговорот за британската телевизија открил повеќе детали за тоа како од мирно дете бил подготвен за терорист, ама не станал само затоа што бил навреме откриен и спречен од ирачките сили за безбедност.
Ахмед раскажува дека децата се одземаат од родителите до нивната деветгодишна возраст, а потоа се принудени на обука, која траела и по 24 часови.
- Не учеа како да ракуваме со „Калашников“ но и со други видови оружје. Деноноќно учевме да станеме војнци и бомбаши-самоубијци, рекол Ахмед, откривајќи дека во неговата група биле 60 деца, сите родени по 2002 година.
Момчето раскажало дека со групата раководеле и ги обучувале две возрасни лица, кои за да ги заплашат им прикажувале видео снимки од заробеници на кои им биле отсечени главите.
Признал дека двапати доаѓал до стадионот каде требало да го активира експлозивниот механизам. Првиот пат се вратил откако видел колку многу народ има, како и дека има многу негови врсници. Кога вториот пат се вратил да ја изврши наредбата бил запрен од безбедносните сили и уапсен.
Сите деца биле обучувани за бомбаши самоубијци, во еден специјално уреден камп во близната на Мосул, каде е во тек офанзивата на ирачките и курдските сили за ослободување на градот од џихадистите на ИД.
Ново на Сител
-
„Мртов Саздо добар Саздо“ и „Илирида“ ечат во Тетово | ВИДЕО
-
60-годишник си изградил хотел без никакви документи во Старата скопска чаршија
-
Мицотакис: Турција инсистира на своите позиции, а ние на нашите
-
Германија се соочува со сериозен недостиг на кадри во областа на социјалните услуги
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија, Крушево и Виница
-
Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет
-
Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид
-
Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите