СЈО не ја почитува пресумпцијата на невиност
Специјалното јавно обвинителство попладнево на својата интернет страница објави скандалозно соопштение во кое што флагрантно го прекрши уставно загарантираното право на пресумпција на невиност.
Изминатиов период во јавноста се говореше за селективното работење на Јанева по налог на опозициската СДСМ. Овој последен испад само потврдува дека целта на специјалната јавна обвинителка е пресметка со политичките опоненти на Заев и рушење на нивниот углед.



Ваквиот скандалозен потег на СЈО беше видлив за јавноста скоро цел час, време доволно за сите да ја прочитаат и симнат информацијата.За потоа да ја сокријат трагата од овој испад, го избришаа срамното соопштение, па објавијаново во кое наводно ја заштитуваат пресумпцијата на невиност и го прикриваат идентитетот на лицата против кои водат постапка, објавувајќи ги со иницијали.
За ваквото грубо кршење на Уставот и загарантираните човекови права и слободи, очекуваме реакција од Народниот правобранител бидејќи доколку ваквиот чин на Јанева мине неказнето, тоа ќе значи отворен пат за сите органи на прогонот да го игнорираат принципот на пресумпција на невиност.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв

