Македонија
28. November 2019 - 19:27

СЈО и Шверцерите главна тема на пратеничките прашања

Премиерот Зоран Заев ги оправда виoките доdaтоци и бонуси на обивнителите и соработниците на Специјанотот јавно обивнителство. Според него, тие вршеле значајна и ризична функција.  Вели дека евентуланото незаконско посташување треба да го истражат надлежните институции. Заев одговараше за работата на СЈО на седницата за пратенички прашања.

Опозициските пратеници го прашуваа премиерот и за хулиганството во МНТ по прославата на денот на албанскотот знаме. Заев потврди дека го добил записникот од владината работна група што ја утврдува одговорноста за настанот, но и дека се уште не го прочитал, ја видле само штетата која е направена.

Заев повтори и дека тој и СДСМ ги поддржуваат идеите за 1 изборна единица, отворени листи и 50-50 родова застапеност на нив.  Премиерот смета дека има време за вакви крупни измени во изборниот модел и ги повика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се предомислат и да ги прифатат.

Сепак, најмногу реакции во собраниската сала предизвика говорот на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој ги наброи сите дадени, но не рализирани ветувања на Заев. При тоа тој не постави прашање и со тоа ја скрати можноста премиерот да му одговори.