„Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“, испратил порака таткото на Вања на нејзиниот телефон

Таткото на Вања и Гоце Трајковски започнале со прибирање на снимки од безбедносни камери на 29 ноември, кажа денеска Ѓорчевски на рочиштето за убиствата на неговата ќерка и Панче Жежовски одговарајќи на прашање на судијата Ивица Стефановски за улогата на неговиот кумашин во потрагата по Вања.
- Обезбедив камери од кафулето „Синдикат“ кои се свртени кон зградата. Газдата веднаш ми ги прати снимките. Зорица обеди камери и од бензиската „Окта“ на „Партизанска“. Добивме и од штедилницата „Папилон“ спроти Буњаковец, објасни Александар.
Судијата го допраша и како сфатиле дека Вања не отишла пешки до „Фитнес хаус“.
- Јасно е дека не можела толку брзо да стигне од „Мечос“ до таму според сигналот што го емитува нејзиниот телефон преку „гугл мапс“, одговори Ѓорчевски.
Изјави дека попладнето по исчезнувањето на неговата ќерка и испратил две СМС пораки.
– Првата порака гласеше: „Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“. Подоцна ми текна да додадам уште една порака, која гласеше: „Од родителите“. Со надеж дека ќе го вклучат мобилниот телефон на Вања и пораките веднаш ќе им се појават – рече Ѓорчевски.
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
