Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
Манчестер Сити не бележи добри резултати оваа сезона, а новиот пораз од Јувентус предизвика гнев кај навивачите кои не го покажаа на прифатлив начин.
Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалните мрежи ги објави страшните пораки и навреди кои ги доби од „навивачите“ по мечот со Јувентус и ги окарактеризира како целосно неприфатливи.
-Никој никогаш не треба да биде подложен на гнасно, расистичко и заканувачко малтретрање што го добив на интернет по синоќешниот натпревар, сподели самиот Вокер.
Ова не е првпат вакви навреди да се упатуваат кон него, а во негова одбрана излезе Манчестер Сити.
-Манчестер Сити најостро го осудува расистичкото малтретирање на Кајл Вокер на интернет по синоќешниот натпревар. Одбиваме да толерираме дискриминација од секаков вид, без разлика дали на стадионите или на интернет. Ќе му дадеме целосна поддршка на Кајл по одвратниот третман што го доби, истакнаа од клубот.
Сити продолжува со серијата лоши игри и резултати, па сега значително им е загрозено местото дури и меѓу најдобрите 24 екипи. Остануваат уште две кола, а „граѓаните“ ги очекуваат уште дуели со ПСЖ и Бриж.
Ново на Сител
-
Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија
-
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-
Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште
-
Русија го блокира Вибер
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
-
Магла на Ѓавато и Плетвар
-
Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал