Сител учествува на изборот на најдобар информативен портал во регионот

Медиа дејли, првиот регионален и специјализиран портал за медиуми www.mediadaily.biz ќе спроведе од 01.11. до 30.11. 2018 година за првпат на овие простори независен избор на најдобар меѓу 30-те најчитани информативни портали во регионот, односно на подрачјето на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.
Зошто ќе го спроведеме првиот избор на најдобар регионален интернет информативен портал?
Информативните портали во последните пет години станаа прво и главно место на кое граѓаните се информираат за дневните настани и како такви имаат големо влијание во општеството и на медиумската сцена. Информативните портали имаат милионски посети и постојани корисници од сите возрасти и пол. Иако влијателните онлајн информативни портали се разликуваат според начинот и стилот на известување, графичкиот дизајн и професионализмот. Тоа вреди да се вреднува и категоризира за да може добрите да бидат уште подобри, а оние полошите да се потрудат да ги достигнат најдобрите. Досега никој не правел избор на најдобар регионален информативен портал. Претходно постоеја пред економската криза избори во одредени земји, но не и регионален избор со што се ќе поттикне поголем квалитет и меѓусебна конкуренција. Овој избор ќе стане традиционален. Изборот на најдобриот информативен портал е и одлична можност за трансгранична соработка зошто се работи за пазар од 20 и повеќе милиони жители.
Како и кога ќе се спроведе изборот за најдобар меѓу најчитаните портали?
Спороведовме истражување за најчитаните информативни портали во сите наведени држави. Бидејќи на ова подрачје има исклучително многу портали одлучивме да го скратиме изборот така што во финалното натпреварување ќе учествуваат ТОП 30 најчитани портали од шест држави. На секоја држава и припаѓа број на портали сразмерно на бројот на жители, па одредивме Србија да има 10 претставници, Хрватска седум, БиХ шест, Словенија и Македонија по три претставници и Црна Гора само еден претставник.
На нашиот портал ќе ги повикаме читателите на тие 30 портали да гласаат за својот омилен портал и тоа ќе им донесе максимално 50 отсто од бодовите, додека другите 50 отсто ги дава нашето жири составено од еминентни експерти. Гласањето и целиот избор започнува на 01.11 и трае до 30.11.2018 година. Победникот ќе го прогласиме на 9.12.2018 година. Победник е оној кој ќе има најмногу гласови од жирито и публиката. Првите три портали добиваат награда.
Ова е комплетната листа на порталите кои влегоа во ТОП 30 од изборот на најдобар во регионот
Ново на Сител
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри