Македонија
15. October 2016 - 17:18

Сител сторија: Тетовецот Бране Глигориевски живее сам и на отворено

Интензивните врнежи од дожд неделава беа причина да се урнат два надворешени ѕида од дотраената куќа на тетовецот Бране Глигориевски, кој живее сам и нема никакви можности да ја поправа.  Од страв дека целосно ќе падне објектот деновите ги поминува на отворено. 
 
Не е вработен, а социјална помош не може да зема бидејќи куќата е на негово име. Бара помош за да има барем една соба каде да живее. 
 
Бране живее во стариот дел од градот во населбата Два Бреста.