Сител од Софија: Што носат бугарските избори за Македонија?
Бугарија в недела ќе гласа на парламентарни избори, но за малкумина од оние околу два милиони и петстотини илјади, кои според анкетите рекле дека ќе излезат на гласање, пресудна ќе биде темата Македонија.
Победа на Бојко Борисов и неговата ГЕРБ е речиси извесна, особено што последните анкети од вчера му даваат недостижна предност пред опозициската БСП.
Единствената политичка партија која игра на картата Македонија, ВМРО на Каракачанов засега е на работ од 4 %, кои се услов за влез во Парламентот.
Во идниот бугарски парламент најверојатно ќе влезат уште четири партии. Но меѓу нив ретко може да се најде политичка платформа која отрворено се противи на официјлната бугарска политика на вето кон Македонија
Иако на Борисов му е извесна победата, сепак неизвесна е идната власт. Анкетите покажуваат дека до 121 собранискИ глас за нова власт ќе му недостасуваат најмалу педесетина пратеници. Коритаров за Сител, анализира како би изгледала идната власт со рефлексии врз македонско-бугарските односи.
Вечерва на полноќ почнува предизборниот молк. Во Бугарија нема предизборни митинзи. Социјалните медиуми се главната алатка на големите партии во оваа кампања.
Ангел Петров, новинар на угледниот дневник бг, оценува дека в понеделник многу работи ќе бидат комплицирани.
-

Марјан Николовски
Сите содржини од овој новинар
