Сите жени треба да знаат: Дали спиењето со градник е опасно?

За некои жени спиењето со градник е начин да ја зачуваат младешката цврстина на градите, додека за други тоа е голема мака и нелагодност.
Долго време владееше митот дека спиењето со градник е опасно бидејќи може да предизвика рак на дојката, но тоа е потполно неточно, тврдат најновите истражувања.
Во истражувањето објавено во магазинот „Cancer Epidemiology Biomarkers & Prevention“, објавено е истражување кое покажало дека ништо кај носењето градник, вклучувајќи ја големината на кошницата, постоењето на жици или не, бројот на часови на носење или периодот кога жената почнала да носи градник, не го зголемува ризикот за рак на дојката.
Исто така нема докази ниту дека спиењето со градник ја попречува нормалната циркулација.
Кога би било така, би морале да постојат и некои други симтоми, како едеми или собирање течност во дојката, што не било забележано кај ниту една испитаничка.
Сепак, спиењето со градник може, во мала мерка, да придонесе за одржување на цврстината на градите, кои поради годините, бременоста, доењето и гравитацијата со време стануваат какви што жените никако не сакаат.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
