Сите против Ливерпул
Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд побара поништување на сезоната 2019/20 во Прмеиер лигата доколку продолжи кризата со пандемијата на корона вирусот и побара навивачите на Ливерпул да го стават јавното здравје пред сопствената амбиција да ја освоијат првата титула по 30 години.
КОВИД-19 направи невиден хаос во светскиот спорт, откажувајќи или одложувајќи ги сите натпреварувања, а одложени се Европското првенство и Копа Америка за една година, исто како и Олимпијадата во Токио. Во Англија, Премиер лигата треба да се врати на 30 април, иако е тешко да се верува дека тоа ќе се оствари.
Ова донесе необична ситуација во која Ливерпул иако има предност од 25 поени на врвот на табелата на девет кола пред крајот, потребни им се уште шест поени за математички да ја обезбедат првата титула по 30 години.
Рио вели дека навивачите на Ливерпул треба да мислат на целото општество.
„Во вакви времиња кога сме изолирани дома сфаќаме колку е важен контактот, спортот и комуникацијата. Но, сепак, мораме да признаеме дека фудбалот е само игра. Колку и да ја сфаќаме сериозно, општеството е поважно. Не сум сигурен дека во следните недели ќе има подобрување на ситуацијата и затоа треба да се поништи сезоната. Знам дека навивачите на Ливерпул ќе посочат дека го кажувам ова бидејќи не сакам да ја освојат титулата. Но, и мојот тим да беше во ваква ситуација ќе мислев исто. Не е важно кој ќе победи, кој ќе оди во втора лига, кој ќе оди во Лига на шампиони“, вели Фердинанд.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова помилува десет осуденици
-
Штрајк на наставниците во Грција
-
Претреси во Битола и Македонски Брод, пронајденo оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа