„Сите пречки се мали ако луѓето се големи“ за инклузија на лицата со попреченост
Хуманитарен настан „Сите пречки се мали ако луѓето се големи“ ќе биде одржан денеска во ЕУ Инфо центарот во Скопје во организација „Младите можат“ во партнерство со Симбиотика - Институт за индивидуален и организациски развој и SEED Швајцарија.
Целта е поголема социјална инклузија на лицата со сетилна попреченост и испраќање на пораката дека попреченоста не треба да се гледа само како препрека, туку и како можност. Ќе бидат споделени успешни приказни преку искуства на еден слеп и еден глув говорник, а ќе биде изведен и музички перформанс.
Учесниците на настанот ќе имаат можност да се инспирираат и мотивираат низ приказните за успехот на навидум „мали“ луѓе. Организаторите воедно повикуваат на хуманост и финансиска или материјална донација на штандот што ќе биде поставен во ЕУ Инфо центарот.
Иницијативата е дел од проектот „Младински лидерски иницијативи“ кој е поддржан од Цивика мобилитас и Швајцарскиот национален младински совет. Настанот се реализира во соработка со организацијата Детски свет и Културно уметничкиот центар Битрикс.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска