Сите пожари во Нов Јужен Велс за првпат се под контрола

Сите шумски пожари во австралиската држава Нов Јужен Велс се под контрола за првпат од септември. Руралната пожарна служба (РФС) истакна дека „оваа сезона на шумски пожари била многу трауматична и исцрпувачка“.
„По исклучително катастрофалната сезона на пожари како за пожарникарите така и за жителите, сите пожари во Нов Јужен Велс се под контрола што е одлична вест“, објави на твитер заменик директорот на РФС во Нов Јужен Велс, Роб Роџерс.
Врнежите што го погодија источниот брег минатата недела, им беа од помош на пожарникарите да ги изгаснат некои од најголемите пожари, вклучувајќи и два пожари што зафатија половина милион хектари земја.
Во Нов Јужен Велс во оваа сезона на пожари уништени се 5.4 милиони хектари земја. Загинати се 25 луѓе, вклучувајќи и шест пожарникари и уништени се 2.349 домови.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
