Македонија
11. July 2019 - 16:27

Сите партии се за ветинг, но сите со различни предлози за спроведување

Сите функцинери, безбедносни служби, јавни обвинители и судии треба да поминат низ нов филтер за прочистување од корупција согласни се политичките партии, но имаат различни ставови како тоа да се направи.

Владејачката ДУИ вчера на парламентарните партии им достави своја верзија на закон за ветинг со кој предлагаат посебна Агенција да ги проверува имотите и кредибилитетот на сегашните и идните функцинери.

Поратпаролот на коалициската СДСМ смета дека нема потреба од нова инситутција.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го добила предлогот на ДУИ, но се уште го разгледуваат. Од друга страна опозциската партија смета дека проветрувањето треба да почне со премиерот Зоран Заев, а методот за тоа се избори.

Амандмани на предлогот на ДУИ, подготовуваат и од групата на 8-те независни пратеници излезени од ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека треба да биде проверувано какви морални вредности поседуваат функцинерите.

Партијата на Али Ахмети по објавувањето на снимките за поранешниот пратеник Павел Богоевски најави свој закон за дополнителен услов што треба да го исполнат функцинерите. Но и без законот на ДУИ, процесот на прочистување ќе почне во Дирекцијата за безбедност и контраразување. Таму вработените ќе бидат проветрени ако сакаат да преминат во новата Агенција за национална безбедност.