Сите канцеларии на Народниот правобранител в недела отворени за граѓаните
Сите седум канцеларии на Народниот правобранител в недела, на денот на одржувањето на вториот круг од локалните избори ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.
Од 7:00 до 19:00 часот ќе бидат отворени сите седум канцеларии во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип.
Освен лично во канцелариите граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на следниве телефонски броеви: Канцеларија во Скопје: 02 3129-327 и 3129-367, Битола: 047 242-310, Кичево: 045 228-586, Куманово: 031 431-488, Струмица: 034 329-996, Тетово: 044 344-082 и Штип: 032 389-701.
Народниот правобранител уште еднаш ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество.
Во таа насока, Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори, во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.
Ново на Сител
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив
-
Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
-
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
-
Од фудбалски соништа до интернет сензација | Стефан Лазаров | Неформално | Sitel Podcast 082
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка