Систина Офталмологија прва очна болница акредитирана од Агенцијата за Квалитет и Акредитација на здравствени установи во Македонија
Систина Офталмологија, како водечка болница за очна нега, врз основа на исклучителниот начин на работа според највисоките стандарди на работа и грижа за нашите пациенти во изминатите 13 години, стана првата акредитирана очна болница во Македонија.
Акредитацијата е спроведена и доделена од Агенцијата за Квалитет и Акредитација на Здравствени установи а служи како признание и доказ за беспрекорната посветеност на нашата болница кон своите пациенти и за секојдневниот стремеж за извонредност во офталмологијата. Систина Офталмологија ја доби највисоката оценка и максимален период на акредитација од 5 години.

“Горди сме на овој успех кој од една страна претставува потврда за досегашното работење засновано на работа според воспоставени процедури и протоколи и воедно е поттик за идно унапредување. Агенцијата за квалитет и акредитација беше огромна поддршка во овој заенички процес кој неминовно беше деќа ќе заврши успешно. Целокупното работење на Систина Офталмологија е според највисоките стандарди имајќи го пациентот во фокусот на сѐ она што го работиме. Овој успех е резултат и на тимската работа на вработените во болницата и заедничакта заложба” – изјави медицинскиот директор д-р Златко Арнаудовски.

Оваа Акредитација е потврда за позицијата на Систина Офталмологија како лидер во офталмолошките услуги во регионот, која работи според најсовремени третмани, поддржани од тим на висококвалификувани медицински офталмолози, хирурзи, медицински сестри и анестезиолози.
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
