Системот за антитерористичка заштита во Русија е во состојба на готовност

Системот за антитерористичка заштита во Русија е во состојба на готовност по нападите во Париз, соопшти Националниот антитерористички комитет (НАК), јави ТАСС.
„Надлежните органи на нашата држава преземаат соодветни мерки за гарантирање на антитерористичката заштита и безбедноста на граѓаните. Во светло на новите закани, сите делови на системот за гарантирање на безбедноста се во состојба на зголемена готовност", се вели во соопштението.
Откако изрази длабоко сочувство на сите француски државјани и на роднините на загинатите, НАК ги повика сите руски граѓани да покажат голема одговорност и внимателност пред новите предизвици и закани од страна на меѓународните терористички организации.
„Сплотеноста на државата и граѓаните е единствениот начин адекватно да се спротивставиме на терористичките закани", нагласува НАК на Русија. с
Ново на Сител
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
