Системите на Фондот за здравство во наредните денови ќе се враќаат во функција
Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) соопшти дека во претстојните денови постепено ќе се враќаат во функција системите кои неодамна беа хакирани и дека процесот одзема дополнително време, но техничките тимови работат постојано.
- Фондот потсетува дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при кибер-нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Фондот денеска испрати и известување до сите јавни и приватни здравствени установи со детални упатства за проверка на осигурениците преку Мој термин, со што ниеден осигуреник не смее да биде вратен од правото на здравствена заштита. Приоритет е враќањето на функционалноста за исплатите на платите на здравствените работници во јавните здравствени установи, како и враќање на системите на исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, информира ФЗОРСМ.
Во известувањето нагласува дека не е загрозено правото на здравствена заштита на граѓаните и непречено се одвиваат лекувањата, упатите за прегледите и боледувањата, издавањето рецепти од матичните лекари и издавањето лекови, така што овие здравствени услуги граѓаните може да ги користат без застој. Исто така, усогласени се и решенија за остварување на правото на ортопедски помагала.
- Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата. Покрај ова, подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои тие може да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари, а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита, се наведува во соопштението на ФЗОРСМ.
Ново на Сител
-
Коњаниците од традиционалниот Илинденски марш пристигнуваат на целта
-
Претседателката го свика Советот за безбедност - Една од темите состојбата со пожарите
-
Опозицијата бара одговорност од Власта за пожарите - Тошковски тврди државата соодветно се справува
-
Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител