Сириските сили презедоа контрола над тврдината во Палмира
Сириските владини сили и нивните сојузници денеска успеаја да ги потиснат припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) од тврдината на периферијата на древниот град Палмира.
Како што објавија медиумите на либанското шиитско движење Хезболах, чии припадници се борат заедно со Армијата на Сирија, сириските сили успеале да преземат контрола и врз југозападните делови од градот Палмира.
Во исто време, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека „во секој момент“ се очекува владините сили да влезат во Палмира.
Руската армија пак информира дека нејзини авиони се вклучени како воена поддршка на офанзивата на сириската армија во Палмира.
За време на шестгодишната граѓанска војна во Сирија, ИД во два наврати преземаше контрола врз Палмира, чии древни урнатини се на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.
Сириската армија лани во март успеа да ги потисне борците на ИД од Палмира, но во декември џихадистите ја повратија контролата над градот.
Во двата случаи кога ја презедоа контролата над Палмира, џихадистите ги уништуваа древните градби. При првото освојување на Палмира во 2015 година припадниците на ИД, меѓу останатото, уништија и споменик стар 1600 години.
Ваквите постапки на џихадистите од страна на ОН беа осудени како воено злосторство.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ