Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
Курдските бунтовници во Сирија, припадници на Сириските демократски сили (СДФ), поддржани од САД, денеска соопштија дека немаат отворен процес на преговори со новите власти во Дамаск.
-Нема преговарачки процес, но има одредено меѓусебно разбирање во однос на курдските населби во градот Алепо.
Се договоривме да обезбедиме сигурен коридор за курдските бегалци од две населби, окупирани од вооружената опозиција, северно од Алепо, изјави претставник на СДФ на североистокот на Сирија и Либан, Абделсалам Ахмад.
Курдските сили од СДФ, поддржани од американските сили во североисточна Сирија по избувнувањето на граѓанската војна во 2011 година, најавија создавање на сопствена автономна администрација на териториите под нивна контрола во провинциите Алепо, Хасака, Рака и Деир ез-Зор.
Курдските бунтовници не беа во непријателство со силите на сириската Влада под водство на поранешниот претседател на земјата Башар ал-Асад, но го задржаа својот воен потенцијал со поддршка на вооружените сили на меѓународната коалиција, предводена од САД, со цел да се бори против Исламската држава, попатно преземајќи ја контролата врз клучните наоѓалишта на нафта и гас во земјата, пишуваат руските медиуми.
Ново на Сител
-
ДПИ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела држава, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто
-
Тошковски: Уапсени 4 лица, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија
-
Кривична пријава против дебранец за поседување марихуана
-
Тошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава