Свет
23. August 2016 - 19:21

Сириските Курди и владините сили договорија прекин на огнот во Хасака

Сириските Курди и владините сили се договорија за прекин на огнот во североисточниот град Хасака, кој стапи во сила од 14 часот, соопштија курдски претставници и сириската државна телевизија.

Курдските Сили за заштита на народот, кои веќе контролираат делови од североисточна Сирија, имаат воспоставено контрола и речиси над целиот град Хасака по судирите со војската лојална на претседателот Башар ал Асад, кои избувнаа минатата недела, тврди Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Запирање на огнот е договорено по неколку дена преговори меѓу двете страни, со наводно посредување на Русија, клучен поддржувач на Асад, јави ДПА.