Сириските бунтовници почнаа нова офанзива против силите на Асад
Неколку сириски бунтовнички групи денека соопштија дека почнале нова офанзива против владините сили, како одговор на кршењето на кревкиот прекин на онот, делумно воспоставен кон крајот на февруари.
Овие групи, составени од фракции на борците под знамето на Слободната сириска војска и силната исламистичка коалиција Ахрар ал Шам во соопштението прецизираат дека ќе одговорат силно на секој напад на сириската војска против цивили.
Во соопштението, кое го објави бунтовничката организација Џаих ал Наср, се додава дека различни групи формираат единици за здружени операции.
Бунтовниците во соопштението не прецизираат каде ќе биде покрената новата офанзива, но според западни медиуми, веќе започнале борби меѓу владините и бутовничките сили во провинцијата Латакија во западниот дел на Сирија.
Шефот на делегацијата на Високиот преговарачки комитет на сириската опозиција на мировните преговори што се одржуваат во Женева, вчера повика да се одговори на нападите на силите на Башар ал Асад, обвинувајќи го дека го користи примирјето за да се врати на терен.
Ново на Сител
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница
-
Брзото јадење е штетно по човековото здравје
-
Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та
-
ОН: Наша мировна мисија во Украина е многу хипотетична
-
Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Црвениот крст почна со исплатата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани
-
Приведен малолетник од Куманово поради кражба
-
Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми