Сирискиот режим по заземањето на Палмира вети ослободување на Рака и Дејр ал Зур
Сириската армија, откако ја врати контролата врз Палмира, соопшти денеска дека е цврсто решена да ја протера групацијата Исламска држава од нејзините главни засолништа во Сирија, Рака и Дејр ал Зур.
- Палмира ќе биде базата, од која ќе бидат водени воените операции против ИД во повеќе насоки, посебно кон Дејр ал Зур на исток и Рака на север. Целта е да го стегнеме обрачот околу терористите, да ги прекинеме нивните маршрути за снабдување и да си ги вратиме териториите, контролирани од нив, за да ставиме крај на нивното постоење во Сирија, се наведува во соопштението на воената команда.
Во соопштението се додава дека преземањето на Палмира е почеток на падот на ИД.
Сириската армија во соопштението, кое беше прочитано на државната телевизија нагласи дека враќањето на Палмира исто така покажува дека владините сили и нивните сојузници се единствената сила, способна да го победи тероризмот во Сирија и вети продолжување на борбата против ИД, Фронтот Ал Нусра и другите терористички групации.
Ново на Сител
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра