Сириската опозиција се надева дека е поставена основата за преговори

Сириската опозиција оцени дека веќе е поставена основа за преговори, кои можат да почнат следниот месец. Меѓу прашањата, кои треба да бидат разгледани е постигнувањето на напредок односно политичка транзиција.
- Досега не се водени преговори за тоа, изјави претставничката на опозицијата Басма Кодмани по преговорите со специјалниот пратеник на Обединети нации за Сирија, Стафан де Мистура.
Таа додаде дека Де Мистура предложил „конструктивен документ“.
Предлогот на Де Мистура содржи 12 точки и има за цел да ја постави основата за понатамошни преговори. Документот е составен врз основа на предлозите на сириската Влада и на опозициските Група Ријад и Група Москва-Каиро. Во него детално се изложени принципите за отпочнување на процесот на преговори.
- Страните во сирискиот конфликт треба да ги почитуваат принципите за единство, суверенитет и независност на Сирија. Само сирискиот народ може да ја определи иднината на својата земја, се посочува во предлогот на Де Мистура, јави Ал Џезира.
Во документот се посочува и дека за транзискиот период неопходно е да се подготви устав, да се организираат избори и гаранции за понатамошен развој на државните и општествените институции.
Високиот комитет за преговори на сириската опозиција смета дека од преговорите во Женева нема да има корист ако Москва не се откаже од притисокот врз Владата на Башар ал Асад, изјави Кодмани.
Ново на Сител
-

Бразилец тренер на Чикаго Булс
-

СП 2026: Египет поведе, Белгија изедначи – дуелот заврши без победник
-

Јавна расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба
-

Променливо облачно и топло, попладне можност за локален пороен дожд
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
