Сириската опозиција го обвини Дамаск за блокирање на мировните преговори
Сириската Влада не покажува волја за спроведување на мировните преговори под полна пареа, изјави денеска во Женева членот на опозициската делегација на разговорите, Басма Кодмани.
- Во момнетов ние немаме партнер од другата страна кој е расположен за преговарање. Очекувавме да дојде до промена во однесувањето (на сириската Влада) под притисок од Русија, но тоа досега не се случи, изјави Кодмани.
Како што јави ДПА, пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура изјави дека се надева оти и сириската Влада ќе достави свој предлог за политичката транзиција на земјата, како што тоа претходно го стори и опозицијата.
Шефот на преговарачката делегација на сириската Влада, Башар ал-Џафари денеска изјави дека Дамаск се уште е фокусиран на утврдување на основните принципи на мировните преговори во Женева. што започнаа во понеделникот со посредство на ОН.
- Веруваме дека прифаќањето на овие принципи, кои ние ги нарекуваме фундаментални елементи, ќе доведат до сериозен меѓусиридки дијалог за иднината на нашата земја, изјави Џафари по денешната средба со Мистура.
Посредникот во преговорите од своја страна изјави дека Владата и опозицијата споделуваат заедничка визија за зачувување на Сирија како единствена суверена држава, но немаат идентични ставови околу процесот на политичката транзиција.
Кодами изјави дека Асад мора да се повлече пред изборите, кои според планот на ОН би требало да се одржат за 18 месеци.
- Не може да има слободни избори се додека тој има контрлова врз се, нагласи таа.
Но, за разлика од Кодами, која е член на сириските опозициски групи во егзил, претставникот на т.н. внатрешна опозицијата во Сирија, Ахмад Алкуса смета дека Асад не мора да се повлече пред изборите.
- Сирискиот претседател Башар ел Асад е избран за претседател од народот и само народот може да решава околу неговото заминување, изјави Алкуса во Женева.
Ново на Сител
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани