Сириската курдска Партија за демократско единство демантира дека е одговорна за нападот во Анкара
Шефот на курдската Партија за демократско единство (PYD) вo Сирија Салех Муслим, денеска ги отфрли обвинувањата од Турција дека неговата група е вмешана во бомбашкиот напад во Анкара, во кој загинаа 28 лица, јави Танјуг.
- Демантираме дека на било кој начин сме вмешани во овој напад, рече Муслим, откако турскиот премиер Ахмет Давутоглу го обвини военото крило на неговата партија дека го извела нападот во соработка со Курдската работничка партија (ПКК).
Давутоглу на новинарите во Анкара им кажа дека бомбашкиот напад го извел сирискиот државјанин Салих Неџар и дека девет лица се уапсени.
-Никогаш не сме слушнале за лицето Салих Неџар. Тие обвинувања се јасно поврзани со обидите на Турција да интервенира во Сирија, рече Муслим, а пренесуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип
-
Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ