Свет
3. December 2016 - 10:44

Сириската армија презеде уште еден бунтовнички кварт во Алепо

Сириската армија и нејзините сојузници презедоа синоќа уште еден кварт од бунтовниците во Алепо во рамки на офанзивата за воспоставување целосна контрола врз вториот по големина град во Сирија, соопшти Сирискиот центар на мониторинг на човековите права. 

По преземањето на Тарик ал Баб режимот на Башар ал Асад веќе контролира околу 60 отсто од градот, кој беше освоен од бунтовниците во 2012 година.