Сириската армија префрлила 400 џихадисти во Идлиб

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права објави дека сириските власти префрлиле 400 припадници на џихадиситчката група Исламска држава (ИД) во областа Идлиб, која е последното поголемо упориште на бунтовниците.
Според Центарот, исламистите, кои се наоѓале во пустинската област Деир аз Зур, на границата со Ирак, вчера биле префрлени во источниот дел на Идлиб, каде дејствуваат и други исламистички групи.
Во досегашниот тек на граѓанската војна, повеќе пати се случуваше бунтовниците во опколени градови да добијат понуда да бидат евакуирани во некоја за нив безбедна зона, како Идлиб, во замена за предавање на градот што го контролираат на сириската армија.
Русија, Иран и сириската армија планираа голема офанзива врз Идлиб, што предизвика страв кај западните земји од нова хуманитарна и бегалска катастрофа.
По преговори меѓу претседателите на Русија и Турција, беше договорено оваа офанзива да се одложи, а двете земји да испратат мировници во Идлиб.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
