-->
-->
Сириската армија и сојузници се подготвуваат за копнена офанзива во зона северно од Хомс
-->
Сириските владини војски и нивни сојузници се подготвуваат за копнена офанзива во реон под контрола на бунтовниците и кој беше цел на руски напади од воздух во изминатите денови, изјави извор близок до либански Хезболах, јави ДПА.
Неколку илјади борци од Хезболах, иранската елитна воена единица, сириската армија и милиции, се мобилизирани за напади во зоната северно од централниот град Хомс.
Таа зона која е бастион на сириската опозиција речиси од почетокот на конфликтот пред 4,5 години, е под контрола на неколку групи меѓу кои и локалниот огранок на Ал Каеда, Џебхат ал Нусра. Според западни медиуми, во тој реон наверојатно Исламска држава нема присуство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани