Свет
16. September 2015 - 18:25

Сиријка се закани со убиство на детето ако турските власти не и дозволат да ја мине границата

Сиријката Халаф Алкорде, која е мајка на две деца, се закани денеска дека ќе убие едно од своите деца, доколку турските власти не им дозволат да ја преминат границата и да заминат кон европските земји.

- Ќе си го убијам детето пред сите ако властите и ОН не ни помогнат да се извлечеме оттука и да заминеме кон Европа, истакна таа очајно пред телевизиските камери.

Алкорде е само една од стотиците жени од Сирија и Ирак, кои неколку дена се наоѓаат на автобуската станица во Истанбул во обид да тргнат кон границата со Грција или Бугарија.

Турските власти не им дозволуваат на бегалците да се приближат до автобусите кои сообраќаат кон тракискиот регион од земјата.