Сиријка се породи во кумановската болница

Во Кумановската болница денеска се породила 30-годишна сиријка, информираа од Одделението за гинекологија и акушерство.
- Пациентката родила здраво женско бебе. И родилката и новороденчето се во добра здравствена состојба изјави, доктор Наиле Османи, гинеколог од општа болница Куманово.
Ова е шесто дете на сиријката од градот Алепо, која транзитирала низ Македонија со сопругот и петте деца.
Докторката Османи, изјави дека во кумановската болница пациентката ја донела екипа на Итна помош од Прифатниот пункт од Табановце.
- Ова е прв случај на породување на сиријка во нашата болница.Обично оние случаи кои не се итни ги праќаме на клиника. Ова беше итно породување, пациентката се породи половина час по приемот во 8:45 часот, изјави Османи.
Од болницата побарале од Црвен Крст податоци за родилката, бидејќи немала документ за идентификација. Црвениот крст донирал помош за новороденчето и за мајката. Од болницата посочија дека родилката и новороденчето ќе останат еден ден за понатамошно следење, иако таа изразила желба веднаш да си замине.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
