Сириецот уапсен во Лапјциг бил предаден од негови сонародници

Сириецот, кој по два дена потрага беше уапсен од страна на германската полиција во Лајпциг под сомнеж дека подготвувал терористички напад, бил предаден од негови сонародници, објавија германските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Сириецот Џабер ал Бакр во саботата во Кемниц успеал да и избега на полицијата и беше уапсен откако двајца негови сонародници на кои им се обратил за помош, прво го примиле во нивниот стан, а потоа и јавиле на полицијата каде се наоѓа.
Во соопштението на полицијата од покраината Саксонија објавено на социјалната мрежа Твитер беше наведно дека 22-годишниот Ал Бакр е уапсен, но не беше објаснета целата ситуација околу начинот на приведувањето на осомничениот терорист.
Според официјалната верзија за апсењето, полицијата добила информација за локацијата на Ал Бакр, но всушност, според медиумите еден од Сиријците кои го примиле во својот дом, заминал да пријави во полицијата, а другиот го чувал осомничениот терорист додека не дошла полицијвите.
Во информацијата за апсењето на Ал Бакр се вели дека полицијата не открива детали од операцијата со цел да не предизвика опасност за луѓето што ја информирале за апартманор каде што се криел Сириецот.
Двајцата Сиријци, кои го прдале Ал Бакр, за потрагата по својот сонародник дознале од јавниот повик на полицијата објавен на арапски јазик, дури откако го примиле осомничениот во својот стан во Лајпциг.
Според наодите на германските служби за безбедност, Ал Бакр сакал да подметне силен експлозив на некој од берлинските аеродроми или на железничка или автобуска станица во Саксонија.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
