Синови монструми: Дејан и Мартин ја убиле мајката, a потоа 3 дена спиеле со неа!

Браќата Дејан и Мартин Алексиќ, кој во петокот до смрт ја претепаа својата мајка Јаворка, ја запалиле нејзината облека и ја преслекле, а смртта ја пријавиле дури во понеделникот.
Дејан Алексиќ (30) и неговиот брат Мартин (38), двајцата од Трговиште, кои се уапсени под сомнение дека ја убиле својата слепа мајка Јаворка (68), по крвавиот пир ја пресоблекле, и ја запалиле облеката и спиеле со неа во иста соба.
Три дена подоцна пријавиле во полицијата дека наводно починала, но набрзо се уапсени.
Неофицијално, мотивот за убиството најверојатно се парите зошто Јаворка живеела од социјална помош.
Ги криеле трагите
Страотното злосторство се случи во петокот во семејна куќа во Трговиште. Како што дознаваме, браќата се обидела да ги скрие трагите од убиството.
-Ја запалиле целата нејзина крвава облека која ја носела кога брутално ја претепале и го облекле во друга нејзиниот труп. Тоа го направиле надвор од куќата. Потоа го вратиле телото во соба. Го запалиле шпоретот како таа да е жива, за да не биде сомително дека во куќата нешто се случува. Ја средиле куќата за да ги скријат сите траги. Тука поминале три дена. Дури и спиеле тука и јаделе. Смртта на мајката ја пријавил најмалиот син Дејан, дури во понеделникот, вели извор.
Соседите наведуваат дека синовите со години наназад ја тепале и ја злоставувале мајката и тоа најчесто поради пари.
И скршиле и рака
- Тие беа многу распуштени деца, немаа пари, бараа од мајкат аи често ја тепаа кога немаше да им даде. Тие ја злоставуваа физички, и скришија и рака. Сакаа да пијат и тогаш ги правеа проблемите. Ја кршеа врата и прозорците на куќата во алкохолизирана состојба. Не беа ожениети, иако еден од нив донесе девојка, па ја избрка, каква црна женидба, раскажуваат соговорниците.
Тежок инвалид: Јаворка била слепа на едното око
Несреќната жена не гледаше на едно око. Покрај Дејан и Мартин имаше уште еден син кој живее одвоено.
-Тој е најстар, оженет и има дете, работеше како курир во училипте. Живее во куќа оддалечена од мајчината 500 метри. Тој е малку постабилен, се бори за егзистенција. Мартин работи како гробар во комуналното претпријатие, додека Дејан неколку пати беше во затвор, раскажуваат мештаните, наведувајќи дека куќата во која живеела Јаворка била трошна.
Ново на Сител
-

Песков: Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари своите цели
-

До крајот на неделата стабилно и суво, со пониски утрински температури
-

Возел со брзина од 192 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100, приведен 32-годишник
-

Изминатиот викенд 1466 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 14 лица за безобзирно управување на возило
-

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
-

Орбан: Додека Трамп е претседател, нема да има санкции за Унгарија
-

Шефот на СЗО апелира до Трамп: „Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи“
-

Санкционирани 134 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
