-->
-->
Синовец во Мега
-->

Кошаркарскиот клуб Мега Бемакс објави дека договор со клубот потпишал бекот Стефан Синовец. Искусниот бек веќе се приклучил на тренинзите на тимот.
Синовец во Мега Бемакс пристигна од редовите на МЗТ Скопје со кого ја освои шампионската титула во македонскиот шампионат. Минатата сезона во дресот на МЗТ Скопје, во регионалната АБА-лига, Синовец имаше просечни 8,6 поени и 3,5 скока од натпревар.
Синовец во кариерата има освоено тројна круна со белградски Партизан во 2010 година, три шампионски титули со МЗТ (2014, 2015, 2017) и еден Куп на Македонија (2014), а со Крка во 2016 стигна до титулата во Купот на Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
