-->
-->
Синот на пратеничката Мира Стојчевска: Од вторник си давам оставка во ЕЛЕМ
-->
Синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор Стојчевски, најави дека ќе даде отказ од ЕЛЕМ. Тој на „Фејсбук“ напиша дека не бил јавна личност и поради тоа не сакал неговото име да се провлекува во јавноста и дека отказот ќе го достави во вторник.„Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен Факултет – Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет. При крај сум со моите магистерски студии на Градежениот Факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера. Јас не сум јавна личност и не сакам повеќе моето име да се провлекува во јавноста. Во таа насока, сакам да ве известам дека по одлуките на вчерашната седница на ДКСК, од морални причини решив на 30.04.2019 (вторник) да го доставам моето барање за отказ од АД ЕЛЕМ и да се повлечам од работното место“, напиша Стојчевски на „Фејсбук“.
Ваквата постапка на Стојчевски следува откако Антикорупциската комисија го обелодени целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции. За вработувањата на сопругот, синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, утврдени беа индиции за непотизам само во случајот за вработувањето на нејзиниот син Виктор.
На врвот на листата на случаи на непотизам на ДКСК се најде пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, кој неделава најави дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании.
Премиерот Зоран Заев вчера ги повика сите функционери кои се најдоа на листата за непотизам да ги повлечат роднините од работните места.
„Директно испраќам наредба до сите веднаш да се повлечат од работните места. Само така ќе функционира системот“, рече Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
