Живот
19. November 2024 - 13:01

Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување

Норвешката полиција објави дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен под сомнение за силување.

Во полициското соопштение се наведува дека Мариус Борг Хојби, кој бил роден од врската пред Мете-Марит да се омажи за престолонаследникот Хакон во 2001 година, бил уапсен во понеделникот вечерта.

Тој е осомничен дека го прекршил кривичниот закон кој се однесува на „обљуба со лице кое е во несвест или од други причини и не може да даде отпор“, се наведува во соопштението.

„Она што полицијата може да го каже за силувањето е дека тоа е сексуален чин без сексуален однос. Жртвата, како што се тврди, не можела да се спротивстави“, додаваат од полицијата, пишува Дејли мејл.