Синот на Доналд Трамп сведочеше на затворена седница на комисија на Конгресот

Доналд Трамп помалдиот, најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа сведочеше на затворена седница на Комитетот за разузнавање на Конгресот на САД.
Тема на сведочењето е истрагата што се води за евентуалните врски на кампањата на Трамп со руски служби, за кои се смета дека учествувале во објавувањето на интернет пораките на неговата противкандидатка Хилари Клинтон, што се оценува дека влијаело на изборниот резултат.
Трамп помладиот разменил неколку приватни Твитер пораки со Викиликс, од кои се гледа дека овој сајт сакала да го координира објавувањето на контроверзните пораки на Хилари Клинтон.
Синот на Трамп исто така имал средба и со руската адвокатка Наталија Веселницкаја, која тврдела дека има пристап до компромитирачки податоци за Хилари Клинтон.
Клинтон тврди дека таа ќе победеле на изборите да не било влијанието на руските служби врз текот на кампањата.
Ново на Сител
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
