Џет-Сет
18. October 2016 - 11:51

Синот на Дензел Вашингтон тргна по стапките на својот татко

Синот на прославениот амрикански глумец Дензел Вашингтон, Џон Дејвид реши да тргне по стапките на својот татко и заплови во актерските води.

Џон Дејвид Вашингтон (32), кој е поранешен професионален рагбист, доби улога во серијата „Ballers“, каде партнер му е познатиот Рок.

Помладиот Вашингтон, кој професионално играше рагби од 2006 до 2012 година, во серијата толкува лик на американски рагбист.

Џон Дејвид Вашингтон го привлече вниманието на таблодите уште на почетокот на годинава, кога заедно со останатите членови на неговото семејство, го придружуваа татко му на доделувањето на наградите Златен глобус.

 

Од тогаш младиот Вашингтон се почесто се појавуваше во американскиот жолт печат, со најави дека тој е новиот машки секс симбол на САД.