Синоќа невреме во повеќе градови низ Македонија - на места и 40 степени

Во Демир Капија вчера беше најтопло, а северниот дел од скопската котлина и Полог беа зафатени од поголема нестабилна маса проследени со пороен дожд и грмежи. Нестабилно беше и во Мариовско, а во Куманово има пороен дожд грмежи и засилен ветер.
Според мерењата на УХМР во Демир Капија имало 39 степени, 36 Гевгелија, 35 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 34 Виница, Струмица, Скопје Петровец, 33 Битола, 32 Тетово, Прилеп, Крива Паланка, 31 Претор, Охрид, 30 Берово, 29 Ѓуриште, 28 Пожаране, 26 Лазарополе и 25 Маврово.
Денеска сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец Максимлната температура ќе се движи од 30 до 36 степени.
Во Скопје и околината, сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне до 35 степени.
Ново на Сител
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
