-->
-->
Синиша Михајловиќ има коронавирус
-->

На последниот тест, српскиот тренер Синиша Михајловиќ се тестираше позитивно за коронавирусот, објави неговиот клуб Болоња во неделата.
Михајловиќ во петокот се врати во Болоња, а потоа веднаш беше тестиран за вирусот. Тестот на српскиот селектор беше позитивен, а тој во моментов нема симптоми и ќе биде во изолација наредните две недели, што го наметнува правилото во Италија.
Михајловиќ спаѓа во групата на ризични затоа што со месеци се бори против леукемијата, која му е дијагностицирана пред една година.
И покрај тоа, Синиша продолжи да ја извршува функцијата на тренер на Болоња, која го поддржуваше во тешка ситуација, а клубот играше многу добро и беше безбеден на средина на табелата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
