Сингапур сериозно загрозен од чадот што доаѓа од Индонезија
По релативно подобрување на состојбата со загадување на воздухот за време на изминатиот викенд, во Сингапур од сношти повторно почна да се зголемува концентрацијата на чад што доаѓа од југот од големиот број пожари на индонежанските острови Суматра и Калимантан. Училиштата и градинките, кои до петокот беа затворени, денеска ги примиле децата, но сите активности ќе се изведуваат во затворени простории.
Големиот број, над 1.000 пожари, само во септември, што тешко се гасат во Индонезија, покрај над 36 милиони жители на западниот дел на индонезискиот архипелаг, предизвикаа облаци со чад во последните 10 дена, пред да допрат до Сингапур и поголем дел на Малезија, каде што ретко кој на улица излегува без маска. Властите во овие две држави минатата недела делеа бесплатни маски за помладите и постарите граѓани, а поради лошиот воздух во болниците дневно беа примани по над 2.000 лица со проблеми со дишењето.
Поради пожарите кои тешко ги гаси, Индонезија стана и предмет на критики на медиумите, но и на политичарите од соседните држави, кои сметаат дека Џакарта малку направила за да ја спречи појавата на големиот број пожари. На критиките денеска јавно одговорија индонежанскиот потпретседател Јусуф Кала и министерката за надворешни работи Ретно Марсуди. Според нив, изостанала очекуваната помош од соседните држави, иако била најавувана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца