-->
-->
Синер за ЛШ: Ќе биде одлично доколку победи Интер, но ќе бидам среќен и за Донарума
-->
Италијанскиот тенисер Јаник Синер одговори на прашањето за кого ќе навива во финалето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Интер.
– Зошто ме ставате во оваа ситуација? Ќе биде одлично доколку победи Интер. Од друга страна со Донарума, голманот на ПСЖ сме пријатели долго време. Тој ќе го има еден од најважните натпревари во неговиот живот. Не сакам да кажам ништо за да не доведам никого во тешка позиција. Се надевам дека ќе биде одличен натпревар, изјави Синер за „RMC Sport“.
Одлучувачкиот натпревар меѓу ПСЖ и Интер во Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај во Минхен на „Алијанц Арена“.
Во полуфиналето на турнирот, францускиот клуб го победи Арсенал (3:1) со вкупен резултат, додека италијанскиот тим ја совлада Барселона (7:6).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје