Синер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот
Светскиот тенисер број 1, Јаник Синер, изјави дека освојувањето на титулата на Вимблдон е остварување на неговиот детски сон и оти научил многу од неодамнешниот пораз во финалето на Ролан Гарос.
„Пред натпреварот, разговаравме за тоа како никогаш не можевме да замислиме дека ќе бидеме тука кога бевме деца. Ова беше мојот сон, бидејќи делуваше толку далеку од местото од каде доаѓам. Сега го живеам мојот сон“, рече Синер.
Во вчерашното финале, Синер го победи шпанскиот тенисер и второрангиран на АТП листата, Карлос Алкараз, со 4:6, 6:4, 6:4, 6:4, за три часа и три минути игра.
Италијанскиот тенисер се осврна на поуките од поразот на неодамнешното финале на Ролан Гарос во кое загуби од Алкараз по пет сетови.
„Поразот во Париз беше многу болен. На крајот на краиштата, не е важно како победувате или губите, туку да разберете каде сте погрешиле и да работите на тоа. Се обидовме да го прифатиме тој пораз и продолживме да тренираме. Тоа е една од причините зошто сега го држам овој трофеј“, рече Синер, кој идиот месец ќе го прослави 24.
Синер стана првиот Италијанец во историјата со титула, а воедно ова е негов четврти грен слем трофеј кариерата.
Алкараз го доживеа својот прв пораз во финалињата на грен слем турнирите и остана на пет трофеи на најголемите турнири.
Синер за освоената титула на Вимблдон заработи три милиони фунти, додека Алкараз инкасираше 1.520.000 фунти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна